Смоквата со право се нарекува рајско овошје на Медитеранот. Нејзините лековити делови се плодот, млечниот сок, листот и кората од дрвото. Смоквите содржат до 80% вода, а бидејќи ја стимулираат енергијата, најдобро е да ги јадете наутро.
Зошто смоквата е најлековитото овошје на светот?
1. Смоквата го намалува крвниот притисок
Смоквите се одличен извор на калиум, кој помага во намалување и во регулирање на крвниот притисок. Калиумот ретко се наоѓа во храната, а е неопходен за функционирање на организмот. Многу луѓе страдаат од недостаток на калиум заради зголемено внесување сол во организмот.
2. Помага при слабеење
Смоквата е добар извор на диетални влакна кои го подобруваат варењето на храната и ви даваат чувство на ситост, а тоа помага при губење на вишокот килограми. Смоквите содржат многу поголема количина растворливи и нерастворливи влакна од другите овошја. Растворливите влакна го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Во 100 грама смокви има само 74 калории.
3. Го намалува шеќерот во крвта
Листовите од смоква го намалуваат шеќерот во крвта. Тие може да се користат не само во подготовката на разни јадења, туку и во подготовката на чаеви. Некои истражувања покажаа дека смоквите помагаат во регулирање на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1.
4. Го подобрува расположението
Смоквите содржат голема количина витамин Б-комплекс, кој му дава енергија на вашето тело, ја прави кожата поеластична и ги зајакнува мускулите. Друга придобивка од витаминот Б-комплекс е тоа што ја подобрува работата на мозокот, а со тоа и концентрацијата и меморијата и го подобрува целокупното расположение. Ако вашето незадоволство е резултат на несоница или на ПМС, смоквите може да ви помогнат затоа што содржат магнезиум.
5. Помага при брадавици
Во народната медицина се смета дека смоквите помагаат при проблеми со израстоци на кожата, како што се брадавиците. Ставете половина свежа смоква на местото каде што е израстокот, оставете го преку ноќ и наутро исплакнете го со топла вода. Ако е потребно, можете да ја повторите постапката до 5 пати.
6. Смоквите содржат многу витамини и минерали
Глукозата и фруктозата претставуваат здрава замена за белиот, индустрискиот шеќер. Смоквите содржат многу железо, фосфор, калциум, калиум, магнезиум и витамини Б6, Е, Ц и А. Тие се богати и со бета-каротен, па затоа се препорачува да јадете смокви неколку дена пред сончање. Содржат голема количина вода и природни шеќери, така што се корисни за заздравување од исцрпеност и за детоксикација.