Зошто спиењето на стомак може да биде опасно за бебето?

Многу родители се запознаени со фактот дека спиењето на стомак е опасно за бебето, па додека го заспиваат многу се внимателни и ги оставаат да спијат исклучително на грбот.
Откако бебето почнува да се менува после четвртиот и петтиот месец, често ќе го затекнете дека лежи на стомакот па ќе се запрашате дали е тоа положбата во која на вашето бебе му е удобно или треба да го научите да спие на грб.
Зошто лежењето на стомак е опасно за бебето?
“Грбот е најдобар за спиење” – ова е основно правило на заспивање на вашето мало бебенце во текот на ноќта поради неговата безбедност.


Во неколку студии направени за да се открие која е најдобрата положба за бебето откриено е дека спиењето на стомак го зголемува ризикот од синдромот за изненадна смрт (СИДС), необјаснива фатална состојба и смрт на новороденчето поврзана со спиење.
Спиењето на грб го подобрува протокот на воздух во телото. Поголемиот дел од родителите чии бебиња спијат на грб стравуваат дека оваа положба би можела да го зголеми ризикот од гушење. Но, според експертите, родителите не би требало да се грижат поради тоа, бидејќи анатомијата на дишните патишта на бебето и гага рефлексот спречуваат да дојде до тоа.
Кога е безбедно за бебето да спие на стомакот?
Според некои експерти, мора да продолжите да го учите бебето да спие на грб до првиот роденден. Во случај да се свртат на стомак, мора да ги превртите на грб. Откако ќе наполнат една година, бебето може и самостојно да седи без потпора, што значи дека главата и телото му се зајакнати и дека може да се контролираат. Значи, ако почувствуваат дека се гушат, можат сами да се наместат во поудобна положба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.