Зошто тетките се многу важни за децата?

Сеќавањата поврзани со тетките обично се однесуваат на забавни моменти, шеги, игри и „немој да си им кажала на родителите“ разговори.
Таа е одличен советник. Тетката дава добри совети, чува тајни и со задоволство ги споделува своите искуства, но не на здодевен начин како што тоа го прават родителите. Со тетките се разговара за темите кои никогаш не би ги отвориле со никој друг.
Тука е кога другите немаат време. И факт е дека децата се чувствуваат посебно во присуство на својата тетка. Таа за ништо на светот не би ги пропуштила важните моменти како родендени, прв школски ден, спортски натпревари, приредби.


Тетката е пример од кој децата црпат инспирација на секое поле – од кариера и хобија, до животни вредности и постапки.
Таа е член од семејството на кого може да му се каже сè. Децата попрво ќе ѝ се доверат на својата тетка за семејните проблеми или несогласувања со другарчето, отколку на било кој друг во кругот на семејството.
Тетката може да ги замени родителите. Секако, на краток временски период, но ако родителите се на пат или важен состанок – се знае кој е прва помош.
Тука е да го охрабри и поддржи детето. Ако случајно се соочи со неодобрување, забрана или сомневање во себе, тетката секогаш ќе најде начин како да пружи охрабрување и поддршка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.