Зошто треба да јадете диња во текот на летото?

Сите видови зеленчук и овошје делуваат позитивно на нашето здравје, особено кога ги консумираме во текот на сезоната. Во текот на летото особено предност треба да ѝ дадете на дињата.
Содржи 90% вода, скоро колку и лубеницата. Има природни електролити – калиум, магнезиум и калциум. Тоа значи дека со огромна брзина го хидрира организмот, а тоа е потребно особено во врелите денови.
Најзначајна е количината на бетакаротен што се содржи во дињата, оваа хранлива состојка е заслужна за прекрасната портокалова боја во организмот се претвора во витамин А, моќен антиоксиданс, витамин којшто го штити здравјето на очите и на кожата.
Со витамин Ц, неопходен за синтеза на колаген, може да бидете сигурни дека само едно парче диња дневно има сличен ефект на нанесување на некоја добра, квалитетна крема.
Растителните влакна помагаат во варењето на храната и здравјето на цревата. Дињата содржи и витамин Б9, корисен за одржување на добра меморија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.