Порано вака припреманиот леб се викаше печен леб, а денес многумина би рекле дека се брускети.
Предноста на ова јадење е тоа што брзо се подготвува, и не вреди да се пишува за вкусот, мора да го пробате.
Намирници:
– 500-700 гр. бајагат обичен леб или багет
– 40-50 гр.маргарин или путер
– 500 гр. меко сирење
– 2-3 лажици павлака
– 2 јајца
– сол, магданос
– Млад кромид
– Ако сакате може да додадете и пиперка
Подготовка:
Исечете го лебот на кришки и премачкајте го со малку маргарин или путер. Сирењето добро изгмечете го или изматете го, додадете ја павлаката, јајцата, насечканиот магданос, насецканото младо кромидче и добро промешајте. Премачкајте го веќе намачканото лебче со маргарин со добиената смеса.
Вака подготвениот леб ставете го во сад за печење и посипете го со малку растопен маргарин или путер, а потоа печете го во рерна загреана на 200 степени додека не се потпече.
Бон апетит!