Идеја за десерт: Тарт со пудинг од ванила и бело чоколадо

Потребни состојки:

1 јајце
50 г шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
60 мл масло
150 мл млеко
150 г брашно
1 ќесичка прашок за печиво
Мармалад од кајсии
За филот
250 мл млеко
1 лажица шеќер
1 лажица пченкарен скроб(нишесте)
50 г бело чоколадо
Пудинг од ванила

Начин на подготовка:
Изматете јајце, шеќер и ванилин шеќер. Постепено додавајте брашно и матете, па додајте млеко и продолжете да мешате со лажица. Потоа додајте брашно и прашок за печиво. Повторно промешајте.
Премачкајте го со масло калапот за тарт, па сипете ја добиената смеса. Печете 25 минути на 180 степени. Со помош на чинија извадете го тестото и премачкајте со мармалад од кајсии.
Во тенџере сипете млеко и додајте шеќер и нишесте. Ставете да се вари 2-3 минути и мешајте. Додајте бело чоколадо и мешајте додека да се стопи. Потоа додајте го и пудингот од ванила. Промешајте и сипете преку кората. Ставете го тартот во фрижидер 2 часа. Декорирајте по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.