Идеален, здрав и фит оброк за почеток на денот. Чиа семето е богато со антиоксиданти, го чисти организмот од токсини.
Потребни состојки:
30 гр. какао во прав
3 лажички јаворов сируп
Половина лажичка цимет
Малку сол
Половина лажичка екстракт од ванила
350 мл бадемово млеко
80 гр. чиа семе
Начин на подготовка:
Измешајте го какаото со цимет, сол, екстракт од ванила и јаворовиот сируп. Додајте малку млеко и мешајте додека да добиете соединета смеса. Потоа додајте го остатокот од млекото. На крај, додајте чиа семе, промешајте убаво и оставете го пудингот во фрижидер.