ИЗВРШИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА Бајден се произнесе за налогот на МКС за апсење на Путин

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е јасно дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за воените злосторства и оцени дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на претседателот на Русија е оправдана.

Во официјалното соопштение на американската администрација се наведува дека САД заклучиле дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина и ја поддржуваат одлуката сторителите на воените злосторства да се изведат пред лицето на правдата.

ИЗВРШИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА Бајден се произнесе за налогот на МКС за апсење на Путин

– Нема сомнеж дека Русија врши воени злосторства и злосторства во Украина, а јасно ни е дека одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата – се наведува во соопштението.

Патем, ниту Русија, ниту САД не го признаваат МКС.

  • Проблемот е што не го признаваат сите судот, вклучително и нас. Но, мислам дека тој испрати силна порака – изјави Бајден пред новинарите.

Потегот на МКС ги обврзува 123-те земји-членки на судот да го уапсат Путин доколку тој влезе на нивна територија, а потоа да го префрлат на судење во Хаг.

По истите обвиненија, МКС издаде налог за апсење на Марија Лвова-Белова, комесар за правата на децата во Руската Федерација.

Путин и Лавов-Белова
Во најновиот извештај на истражувачите од американскиот универзитет Јеил се наведува дека Русија држела најмалку 6.000 украински деца во најмалку 43 кампови и други објекти како дел од „големата системска мрежа“.

Сепак, Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства за време на конфликтот во Украина, а Кремљ во петокот рече дека од руска перспектива, налогот за апсење на Путин на МКС е срамен и бесмислен.

Кан: „Не е невозможно Путин да биде суден во одреден момент“

Главниот обвинител на МКС во Хаг, Карим Кан, изјави дека е можно на претседателот на Русија Владимир Путин во одреден момент да му се суди за воени злосторства пред тој суд, пренесува Си-Ен-Ен.

Мислам дека оние кои мислат дека тоа е невозможно не ја разбираат историјата бидејќи главните нацистички воени злосторници се (поранешниот претседател на Југославија Слободан) Милошевиќ, (поранешен лидер на босанските Срби Радован) Караџиќ, (поранешен воен офицер на босанските Срби Ратко) Младиќ, поранешен претседател Либерија) Чарлс Тејлор, (поранешен премиер на Руанда) Жан Камбанда, (поранешен претседател на Чад) Хисен Хабре… Сите тие беа моќни личности, но сепак се најдоа во судници, а нивните постапки беа судени од независни судии – рече Кан и додаде дека тоа дава и надеж дека, колку и да е тешко, законот е секогаш над се.

Мислам дека пораката мора да биде дека основните принципи на хуманоста ги обврзуваат сите. И никој не треба да чувствува дека е над законот. Никој не треба да чувствува дека може да се однесува безгрижно, и дефинитивно, никој не треба да чувствува дека може да дејствува и да изврши геноцид, воени злосторства или злосторства против човештвото и да остане неказнет – нагласи Кан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.