ОВА СЕ ЗЕМЈИТЕ ВО КОИ ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ПАТУВА ИЛИ ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО ХАГ: 123 држави потписнички на Римскиот статут на Меѓународниот суд на правдата

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства.

Тоа не треба многу да го загрижува Путин во моментов, имајќи предвид дека МКС нема овластување да апси осомничени и може да врши јурисдикција само во земјите што го потпишале договорот со кој е основан судот, познат како Римски статут – а Русија не е потписник на тоЈ договор.

ОВА СЕ ЗЕМЈИТЕ ВО КОИ ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ПАТУВА ИЛИ ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО ХАГ: 123 држави потписнички на Римскиот статут на Меѓународниот суд на правдата

Сепак, МКС се потпира на државите ширум светот за да помогнат во апсењето и префрлањето на осомничените во Хаг.

Овој налог го направи Путин меѓународно баран човек и ќе го отежне неговото патување бидејќи тој мора да избегнува која било земја што го потпишала договорот за МКС, бидејќи секоја земја потписничка е должна да го уапси секој што ќе биде обвинет од судот.

Според веб-страницата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, 123 држави се потписнички на Римскиот статут на МКС.

Меѓу нив се 33 африкански, 19 азиско-пацифички, 18 источноевропски и 28 земји од Латинска Америка и Карибите, како и 25 западноевропски и други земји.

Земјите потписнички се: Албанија, Андора, Антигва и Барбуда, Аргентина, Австралија, Австрија, Авганистан, Бангладеш, Барбадос, Белгија, Белизе, Бенин, Боливија, Босна и Херцеговина, Боцвана, Бразил, Бугарија, Буркина Фасо, Кејп Верде, Камбоџа , Канада, Централноафриканската Република, Чад, Чиле, Колумбија, Коморските Острови, Конго, Куковите Острови, Костарика, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Кипар, Чешка, Конго, Данска, Џибути, Доминика, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Естонија, Фиџи, Финска, Франција, Габон, Гамбија, Грузија, Германија, Гана, Грција, Гренада, Гватемала, Гвинеја, Гвајана, Хондурас, Унгарија, Исланд, Република Ирска, Италија, Јапонија, Јордан, Кенија, Кирибати, Латвија, Литванија, Лесото, Луксембург, Либерија, Лихтенштајн, Мадагаскар, Малта, Монголија, Малави, Маршалските Острови, Црна Гора, Малдиви, Маурициус, Мали, Мексико, Намибија, Науру, Нигер, Нигерија, Холандија, Северна Македонија, Нов Зеланд, Нов Зеланд, , Парагвај, Перу, Полска , Португалија, Јужна Кореја, Молдавија, Романија, Св Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Самоа, Сан Марино, Сенегал, Србија, Сејшели, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Шпанија, Палестина, Суринам, Шведска, Швајцарија, Таџикистан, Источен Тимор, Тринидад и Тобаго, Тулис, Уганда, Велика Британија, Танзанија, Уругвај, Вануату, Венецуела и Замбија.

Да потсетиме, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Судот во Хаг го обвинува Путин за воени злосторства извршени во Украина.

Покрај потерницата за Путин, издадена е и потерница за апсење на неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, поради „незаконско депортирање“ на украински деца.

Судиите оценија дека постојат „разумни основи да се верува дека секој осомничен сноси одговорност за военото злосторство илегална депортација на населението и илегално преселување на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација, на штета на украинските деца“.

Судиите размислуваа за издавање тајни налози, но одлучија дека нивното објавување може да „придонесе за спречување на понатамошни злосторства“.

Инаку, судот во Хаг не соопшти како има намера да ја спроведе оваа наредба, бидејќи Москва претходно објави дека не ја признава јурисдикцијата на МКС, не е полноправна членка на МКС и нема навика на соработка кога станува збор за меѓународни екстрадиции.

Судот само соопшти дека наредбата е заснована на пријавата поднесена од обвинителот во февруари годинава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.