Израелските сили се повлекуваат, по двонеделна опсада, од болницата Ал-Шифа во градот Газа, објави Министерството за здравство во Појасот Газа, управувано од Хамас, како што објави The Times of Israel.
Се уште нема официјална потврда од израелската армија за повлекувањето од болницата.
Опсадата на Ал Шифа беше започната на 18 март, а израелската армија тогаш објави дека станува збор за напад на местото каде што се наоѓаат водачите на палестинската милитантна група Хамас и нивната инфраструктура.
Војската соопшти дека за време на нападот на Ал Шифа, биле заробени повеќе од 500 членови на терористички групи, а околу 200 биле убиени, вклучително и неколку врвни команданти.
Палестинската милитантна група Хамас ги отфрла израелските тврдења дека нејзини членови се во болници во Појасот Газа.