Микел Рафинели (39) од Лос Анџелес, која тежи 190 килограми има најшироки колкови во светот, дури 2.5 метри. Микел се заколнала дека нема никогаш да држи диета, а нејзиниот сопруг Реџи Брукс (40), со кој е десет години во брак, вели дека ги обожава нејзините колкови.
„Ја сакам својата линија и не гледам причина зошто да држам диета, ако немам проблеми со здравјето. Обожавам мексиканска храна, чипс и слатки. Сопругот ми вели дека изгледам секси, а нашиот интимен живот е прилично добар“, раскажала Микел.
Сопругот постојано и кажува дека е преубава и дека многу ја сака.
„Мажите не сакаат слаби девојки, повеќе сакаат жени со облик на песочен часовник“, додава Микел.
Жените со најголеми колкови во светот имаат проблеми да пројдат низ врата и сите столици по дома треба да им бидат појачани со метални шипки. Микел не може да се вози во обичен автомобил, туку вози камион. Во помлади години била слаба, но почнала да се дебелее после првата бременост кога имала 22 години. Се повеќе и повеќе ја качувала својата килажа после секоја бременост, а има 4 деца.
Микел Рафинели (39) од Лос Анџелес, која тежи 190 килограми има најшироки колкови во