Притвор на двајцата управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Мирослав Митровски и Игор Гиевски синојка беше одреден од страна на Кривичниот суд.
Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството и им одреди притвор на шестмина од седуммината обвинети за случајот парцели за ЕВН, меѓу кои и за двајца поранешни управители во компанијата – Мирослав Митровски и Игор Гиевски. За една од осомничените е одредени мерки на претпазливост- одземање на пасош и забрана за напуштање на домот.
Сите осомничени за случајот беа приведени вчера, прво имаше распит во Финансиската полиција која поднесе кривична пријава, а скопското Обвинителство поднесе кривична пријава и побара мерки. Потоа сите осомничени беа спроведени во Кривичниот суд.
Во меѓувреме Игор Гиевски бил разрешен од позицијата во ЕВН пред околу 3 месеци, а Митровски, кој е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, се уште е вработен.
Повеќе за тоа кои се овие 7 обвинети и каква е нивната меѓусебна поврзаност и блискост до опозициската партија во текстот подолу:
СДСМ излегоа со прес конференција на темата:
Се потврди дека големата афера „Криминални парцели“ за проневера на 1,5 милиони евра е поврзана со ВМРО-ДПМНЕ, Белиот дворец и Христијан Мицкоски.
Станува збор за голема афера тешка 1,5 милион евра.
Сите информации кои излегоа во јавноста и ги пласираа медиумите уште пред неколку месеци јасно укажуваат на организирана криминална акција, преку измама и проневера на парцели во Делчевско.
Речиси сите осомничени лица во аферата „Криминални парцели“ се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Еден од осомнитечните е телохранител на Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со Договор вреден неверојатни 500.000 евра или половина милион евра.
Јавно достапните информации во медиумите покажуваат дека на крајно сомнителен начин продал парцели од речиси 40.000 метри квадратни. Но тој не ги купил туку ги добил на подарок.
Осомничен за кривично дело „измама во службата“ е и Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму, осомничен е и Мирослав Митовски, син на екс градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров.
Дарко Тодоровски, поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево е исто така осомничен во оваа афера.
Сите овие луѓе, освен што се осомничени за криминал, се луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и секако блиски на Мицкоски.
Клучно прашање е каква е улогата на Христијан Мицкоски во оваа афера? Јавноста очекува одговори. Јавноста очекува одговорност и целосно расчитување на оваа афера.
ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз институциите туку да ги остави да ја расчистат оваа афера и сите што го прекршиле законот да одговараат.
Детали за пријавата во текстот подолу:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.