Инстаграм укинува една позната опција: Едни ќе излудат, други ќе воздивнат!

Инстаграм донесе одлука со која ќе биде уште потешко да се „шпионира“ што прават другите луѓе на оваа социјална мрежа.
Платформата оваа недела ќе ја укине „Followiing Activity“ преку која корисниците успеаја да следат што лајкуваат нивните следбеници и оние што ги следат.
Оваа опција предизвика контроверзии во последниве години затоа што многу корисници не беа свесни дека она што им се допаднало и на што коментиралее видливо за другите корисници.
Просечен корисник на Инстаграм ретко ја користеше оваа опција, па компанијата одлучи да ја отстрани за да ја поедностави интеракцијата, велат претставниците на платформата.


– Луѓето не отсекогаш знаеле дека нивната активност се следи, така што опцијата не служи за целта за која е наменета, туку им предизвикува изненадување на корисниците кога ќе се појави нивната активност. Покрај тоа, едноставноста е клучен фактор – се вели во соопштението.
Кога луѓето откриле дека постои опција „Followiing Activity“, тие биле изненадени или исплашени.
Постојат приказни кои кружат низ интернет дека луѓето имале различни незгодни ситуации заради оваа опција.
Така, еден католички свештеник открил дека неговиот колега сака геј порно ѕвезди, а една жена дознала дека на нејзиниот сопруг редовно става лајкови на фотографии со бикини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.