Доколку сакате да имате поинаква мусака денеска на вашето мени – ви ја предлагаме мусаката со кисела зелка. Мусаката ја сакаат речиси сите. А овој рецепт малку ќе го „освежи“ начинот на кој ја подготвувате.
Потребни состојки:
1 кг кисела зелка
500 г мелено месо
100 г ориз
1 главица кромид
1 цело јајце + 2 жолчки
200 мл кисело млеко
Малку млеко
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Зелката ситно исечкајте ја. Ставете ја во тенџере со малку масло и пропржете ја.
Оризот сварете го во солена вода и процедете го.
Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи. Додајте го меленото месо, зачинете го и пропржете го заедно со кромидот. Откако меленото месо ќе се излади, додајте 1 јајце и промешајте.
Во длабок сад за печење, редете слој по слој – прво зелка, па ориз, па мелено месо. Повторете ја постапката, завршувајќи со слој од кисела зелка.
Измешајте го киселото млеко со жолчките и додадете малку млеко за да ја разредите смесата. Полијте го јадењето.
Печете на 180 ᵒС, еден час, додека зелката не се запече.