Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите што живеат во непосредна близина на клубот Интермецо и останатите локали лоцирани на „Народен фронт”. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и останатите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објеки.
„Ние, како општина, ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно а за тоа е потребна е координација и притисоци од страна на сите надлежни институции”, вели Герасимовски.
- Хрватите бираат помеѓу Новак и Федерер, еве кој е идол на талентираните играчи од соседството, како од топ рекоа…
- Меркур влегува во Близнаци: 3 знаци очекуваат среќни вести до 1 јуни
- Под сомнение дека работи за Иран: ФБИ нуди награда од 200.000 долари за информации за екс специјалист за разузнавање на воздухопловните сили на САД
- Брижит Макрон полуде од љубомора: Пораката на 30 години помлада жена предизвика скандал во авионот
- Овој хороскопски знак ќе има прилично среќен ден денес
- Дино Мерлин беше гостин на Весна Змијанац на концертот во Белградската арена: Ми подаде рака кога ми требаше
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го надмина и Заев, како пион на Радев, стана поголем негатор на Македонија и Македонците од бугарските власти
- Перински: Нема известување за оставка од градоначалникот на Карпош, сè друго се шпекулации
- Трамп: Ши ми рече дека Кина нема да испраќа воена опрема во Иран
Општина Центар петицијата ја проследи до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, и побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.
Инспекциската служба на општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции.
Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време на посочениот објект, по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава.
Пронајдете не на следниве мрежи:



