По состанокот помеѓу претставниците на Здружението на клубови од Првата лига-мажи, комесарот за натпреварување и раководството на КФСМ, утврдени се системот, календарот и распоредот за натпреварување во натпреварувачка сезона 2022/2023 година.
Системот за натпреварување во Првата лига-мажи, претрпи измени поради се уште актуелната пандемија со „Ковид-19“, се поизвесната енергетска криза и намалување на трошоците на екипите.
Освен тоа, усвоени се уште неколку битни измени:
-Преодниот рок за сезоната 2022/2023 завршува заклучно со 01.03.2023 година.
-За нов претседател на здружението на клубовите од Првата лига-мажи избран е претставникот на КК „Гостивар 2015“, Стојмир Дејаноски.
-Екипите се задолжуваат да ги подмират своите финансиски обврски по основ на долгувања, како и првата рата од котизацијата за натпреварување за сезона 2022/2023, пред почетокот на првенството.
-Согласно членот 27 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, и во оваа натпреварувачка сезона екипите може да играат со кожни топки кои се одобрени и го имаат знакот на ФИБА, големина 7, (Вилсон, Спалдинг, Молтен…).
-Согласно членот 16.6, поточно 16.6.1, екипите се должни да достават информација за лицето кој е одбран за Комесар за безбедност од страна на клубот, име и презиме, број на мобилен телефон и електронска пошта.
Дополнително е официјализиран и Прирачникот „Стоп за насилство и недостојно однесување на кошаркарските натпревари“.
ЛИНК: Систем и календар за натпреварување за Прва лига мажи за сезоната 2022/2023
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.