Ирина Шајк во проѕирен фустан мами воздишки на фестивалот – потсетува на Лара Крофт

Ирина Шајк се пофали на Инстаграм со комбинацијата која ја носела на музичкиот фестивал во долината Коачела кој моментално се одржува и кој се смета за настан кој ги собира познатите личности.

Додека во толпата бројни посетители на фестивалот сите се трудат да се истакнат со уникатна модна комбинација, руската манекенка тоа го постигнала со своето издание.
На фестивалот Шајк носела долг црн полупроѕирен фустан, а одоздола носела само долна облека. Црното парче облека со ремени има изрез од страните кој ги истакнува нејзините затегнати нозе.

Ирина Шајк во проѕирен фустан мами воздишки на фестивалот – потсетува на Лара Крофт

Во фотогалеријата што ја сподели на Инстаграм, може да се види и дизајнерот Рикардо Тиши, кого го означила во објавата.
Русинката носела долги црни чизми, како и комплет црни ланчиња – чокер и уште едно со привезок во форма на крст.
Подоцна во комбинацијата додала и црн долг капут, а „all black“ изданието го разбила со црвен кармин на усните.

Манекенката за фестивалот избрала уште една впечатлива комбинација – исто така во црна боја. Таа била облечена во црн комбинезон со изрез на градите, а на нозете носела необични сандали со дебел ѓон.
Шајк била забележана како се забавува со Леонардо ди Каприо на афтер-забавата, што веднаш предизвика шпекулации за нивната наводна врска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.