Сигурни сме дека во секое време ви се наоѓаат дома неколку потемнети банани кои не се баш највкусни за да ги јадете, а греота е да се фрлат.
Веројатно еден од најпопуларните рецепти, особено меѓу љубителите на здрава храна и оние кои имаат мали дечиња, е лепчето со стари банани (или популарно „Banana Bread“).
Што ви е потребно за овој рецепт (иако може да додадете и нешто по ваш вкус):
3 или 4 изгмечени банани
1 кафена лажичка цимет
85g мелени бадеми или лешници
2 јајца
50 ml млеко
1 кафена лажичка сода бикарбона
1/3 шолја маслиново масло
225g брашно
Прстофат сол
1 рака урми, киснети во топла вода 1 час и сомелени
1 прашок за пециво
Сите состојки се мешаат за да се соединат, а на крај постепено се додава брашното.
Печеме во загреана рерна на 180°C.
Лепчето го проверуваме дали е готово со дрвена чепкалка – ако излезе сува од него, значи дека е готово за јадење.
На здравје!