ТЕПАЧКА НА КОНЦЕРТОТ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ: Врисоци и паника во публиката, веднаш реагираше обезбедувањето и ПОЛИЦИЈАТА

По неколку преполни сали во Белград и Сараево, пејачката Александра Пријовиќ одржа два спектакуларни концерти во Ниш.

Александра Пријовиќ
На првиот ги разнесе сите со гласот, но и со неверојатниот изглед, а на вториот концерт во салата „Чаир“ беше турбулентно. Група момци се степале на приземјето и предизвикале целосен метеж кај останатиот дел од публиката.

На крајот од концертот двете момчиња се степале, а по вербален конфликт настанала физичка пресметка во која учествувале неколкумина од нив.

Обезбедувањето веднаш реагирало и ги избркало, а тие биле приведени на излезот . Александра нормално го одржа концертот до крајот, без никаков прекин, а сега се појави и видео од инцидентот:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.