До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција (Државен инспекторат) истакнато е само албанското знаме, без државното знаме, соопшти Левица и нагласува дека е опасен милкот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи!
- Драмата на крузерот поради смртоносниот вирус продолжува: Забрането е излегувањеКрстосувачот „MV Hondius“ со околу 150 луѓе на бродот е закотвен… Read more: Драмата на крузерот поради смртоносниот вирус продолжува: Забрането е излегување
- Дневен хороскоп за вторник, 5 мај: Раковите во финансиска криза, Јарците очекуваат кадровски промениУште еден возбудлив астролошки ден е пред нас. Еве што може… Read more: Дневен хороскоп за вторник, 5 мај: Раковите во финансиска криза, Јарците очекуваат кадровски промени
- Апелација ја укина затворската казна за поранешниот телохранител на премиерот, Ангел СамараковПовторно ќе се суди предметот каде поранешниот телохранител на премиерот Христијан… Read more: Апелација ја укина затворската казна за поранешниот телохранител на премиерот, Ангел Самараков
- Фицо: „Нема да го сменам мојот став, ќе одам кај Путин на 9 мај“Словачкиот премиер Роберт Фицо денес објави дека за време на претстојната… Read more: Фицо: „Нема да го сменам мојот став, ќе одам кај Путин на 9 мај“
- Наместо ученици, во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници, најави Јаневска по случајот во Ѓорче ПетровНаместо ученици, отсега во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници,… Read more: Наместо ученици, во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници, најави Јаневска по случајот во Ѓорче Петров
Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони.
Опасен е молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваме дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами?!
Левица алармира дека целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на Републиката, што се надоврзува на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава“, се вели во соопштението на Левица.
Пронајдете не на следниве мрежи:



