Новото истражување вели дека разликата во годините може да ја одреди долговечноста на вашата љубовна врска, а колку што е поголема истата толку е поголема и веројатноста за раскинување.
Според студијата која ја спровел Универзитетот „Emory“ во Атланта, колку што е поголема разликата во годините, поголема е и шансата за раскинување.
Сепак, истовремено се наведува дека едногодишната разлика е најидеалната опција.
По анализа на 3.000 луѓе, откриено е дека паровите со петгодишна разлика во годините имаат 18 отсто поголема веројатност дека ќе раскинат од паровите кои се на иста годишна возраст.
Интересно е тоа што бројката се зголемила на 39 отсто за паровите со 10 години разлика во годините и изненадувачки 95 отсто за оние со 20 години разлика.
Спротивно од мислењето, истражувачите веруваат дека најидеална е едногодишната разлика меѓу сопружниците и дека токму таквите имаат најмали шанси да раскинат, а тие изнесуваат само 3 отсто.