Италијанската економија во 2013 година ќе се намали за процент кој е многу близу до 1,3 отсто колку што прогнозираат во владата и веројатно дека нема да се врати во раст до крајот на годината, изјави челникот на државниот завод за статистика (ISTAT).
„Тромесечната динамика на бруто домашниот производ (БДП) би можела да сигнализира пад во сите четири тромесечја од годината, со што вкупното траење на рецесијата би достигнало две и пол години“, изјави Енрико Џовани во обраќањето пред парламентот.Челникот на ISTAT воедно напоменува дека индустриското производство во првото тромесечје од годината веројатно ќе покаже пад за 0,2 отсто во однос на последниот квартал од 2012 година.Централната банка на Италија претходно објави дека италијанската економија би требало да излезе од рецесија во втората половина од 2013 година.
Макфакс
Италијанската економија во 2013 година ќе се намали за процент кој е многу близу до 1,3 отсто