И брзата храна може да биде поздрава

Честото консумирање брза храна може да доведе до многубројни здравствени проблеми. За да се избегнат, има здрави трикови околу најчестите омилени јадења…
Хамбургер
И за хамбургерот има неколку начини да биде поздрав. За почеток, не треба да се претерува со масло додека се пече месото и – умерено со сосовите. Не се става ниту премногу кашкавал, а плескавицата може да се збогати со повеќе зеленчук. Исто така, лебот може да се изостави, а да се користат само листови зелена салата.


Јаглехидрати
Тестенини, леб, ориз, тортиљи… Сите овие намирници често се наоѓаат во оброците. Советот тука гласи – лебот се прескокнува (или намалува) и се избира храна со цели зрна, бидејќи тие се богати со растителни влакна. Ова позитивно ќе влијае на варењето, а човекот подолго време се чувствува сит, па и консумацијата е помала од вообичаено.
Пица
Наместо класично тесто, се препорачува пица од карфиол – со многу зеленчук и да не се претерува со сирење. Друга можност е да се користат тортиљи наместо тесто за пица.
Пржена храна
Компири, рибји стапчиња, пилешки медалјони, похувано сирење… Сите овие пржени јадења не се којзнае колку хранливи, но се многу калорични. Ваквата храна треба да се подготвува во врела фритеза или во рерна. Не дека храната ќе добие похранлива вредност, но според познавачите, поради избегнување на маслото за јадење, таа ќе биде барем помалку калорична.
Вечерата…
За вечера се препорачуваат закуски засновани на овошје, зеленчук и мешунки. Сѐ тоа ќе му даде на телото доволно хранливи материи, а нема да биде лишено од богат вкус.
Чоколадо
И десертите може да се подготват на поздрав начин. Пред сѐ, млечното чоколадо се заменува со црно. Тоа има повеќе хранливи материи и позитивно делува на организмот, но секако, важно е и тоа да биде во умерена количина.
На крај, секако, важно е исхраната да е урамнотежена и да не се претерува во ништо. Но, нема ништо лошо во тоа – само повремено да им се препуштате на овие „забранети задоволства“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.