Дали некогаш сте се запрашале каде се продава најскапото кафе во цел свет и која би била цената за една шолја кафе? Веднаш ќе ви одговориме, муштериите на едно кафуле во Австралија се подготвени да платат речиси илјада евра за една шолја!
Каде се продава најскапото кафе во светот и колку чини?
Brew Lab Cafe во Пенрит, Сиднеј, го продава најверојатно најскапото кафе на светот кое чини 1500 австралиски долари или 935 евра.
Патот до гореспоменатото кафе не е лесен, а процедурата за да уживате во него се состои од неколку чекори. Првиот е да нарачате кафе две недели пред консумацијата, за да може да се нарачаат зрна кафе од Панама до Австралија. Имено, тие се одгледуваат и пржат во подножјето на вулканот во Сила де Пандо, кој се наоѓа во близина на границата на Панама и Костарика, на 1700 метри надморска височина.
Според сопственикот на кафулето,Мич Џонсон, иако на оние кои го пробале досега овој напиток, повеќе им личи на чај отколку на кафе, сепак ова кафе е едно од најдобро рангираните кафиња во светот. Тој изјавил и дека не се користи машина за кафе туку специјална филтер-хартија и вода загреана на точно 94 степени по што следува процес на точење, точен до секунда.
За оние кои не можат да си дозволат и да уживаат во најскапото кафе на светот, кафулето нуди и поевтини опции од 100 до 200 долари за шолја кафе.