Каевски: Променетиот став на Мицкоски и ДПМНЕ е добар за државата

Сега потребно е дијалогот да продолжи, но да продолжи суштински и наместо преку изјави и прес – конференции, потребно е и ДПМНЕ да формира работна група, повтори пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој потенцира дека „променетиот став кај лидерот на опозицијата е добар за државата и повикуваме да останат на тој став за да продолжи дијалогот што поскоро“.

Каевски потсети на „тврдиот став на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ во однос на уставните измени.

-На 24 март Мицкоски ќе изјави, цитирам: „Овој Парламент нема мандат да менува Устав“ „Во овој парламентарен состав промена на Устав нема да има“ ќе изјави Мицкоски на први април во Штип. Пред само десетина денови, на втори јуни Мицкоски ќе изјави дека не сака да се ангажира и да се вклучи во процесот затоа што нема мандат од народот. И не само Мицкоски, и Николовски и Мицевски и многу други претставници на ДПМНЕ со месеци велеа дека пратениците од овој парламентарен состав немаа мандат од народот за уставни измени.

По лидерската средба, Мицкоски излезе со променет став и тоа е за поздравување, порача Каевски на прес-конференција во седиштето на владеачката партија.

Пронајдете не на следниве мрежи: