Каевски се правда: Првпат му било да игра игричка во Собрание, не кажа дали го минал нивото!

Во изјава за медиуми која беше лиферувана вечерва Дарко Каевски пратеникот кој си играше видео игрици за време на вчерашната Собраниска комисија вели дека ова прв пат му се случува.

Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсуствувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом – рече Каевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.