Каков пол ќе биде вашето дете?

Loading...

На полот на бебето можат да влијаат многу фактори од животот на идните родители. Проверете какви ви се шансите за машко или за женско дете според овие 7 релевантни показатели.

1. Колку години имате?

Доколку сте останале бремена во подоцните години од животот, имате поголема шанса да станете мајка на девојче. Научниците имаат утврдено дека жените постари од 35 години кои имаат партнери постари од 40, често добиваат дете од женски пол заради влијанието на хормоните во женското тело во тој период и квалитетот на сперматозоидите. Имено, телото на мажите постари од 40 години произведуваат помалку сперматозоиди кои се заслужни за раѓање машки деца. Исто така ретките сексуални односи доведуваат до тоа да дојде до оплодување во средината на плодните денови кога се зачнуваат девојчиња.

2. Дали живеете со партнерот?

Едно истражување во кое учествувале 86.000 родители, покажало дека паровите кои живеат заедно нешто почесто раѓаат момчиња. Утврдено е дека малку повеќе од половина од испитаниците кои живееле заедно со партнерот (51%) на свет донеле машко дете, но науката сè уште не успеала да одговори на прашањето зошто тоа се случува.

3. Дали чувствувате мачнина?

Ако чувствувате мачнина повеќе одошто имале вашите пријателки во нивната фаза на бременост, можно е да станете мајка на девојче. Според 13 различни истражувања, утврдено е дека 55% од бебињата родени од страна на мајки кои во текот на бременоста се жалеле на мачнина – биле женски. Стручњаците веруваат дека причината за мачнина е поврзана со покаченото ниво на естроген во крвта.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...