Како белите чорапи повторно да бидат брилијантно чисти: Со овој трик ќе изгледаат како нови

Како и сите останати, така и чорапите во оваа боја треба да се мијат по секое носење, но дополнително со текот на времето потемнуваат, па има видливи траги од нечистотија.
Белите чорапи обично изгледаат убаво само кога се нови. Факт е дека поради нежната боја полесно се се валкаат, но и дека се многу потешки за перење од чорапите со други, потемни бои.
Во прилог на тоа зборува една интересна изрека: „Секој бел чорап со тек на време ќе поцрне“.
Покрај тоа, белите чорапи често се толку валкани што дури и перењето на највисоки температури не може да ја врати нивната првобитна белина.
Како и сите останати, така и чорапите во оваа боја треба да се мијат по секое носење, но покрај тоа, со текот на времето потемнуваат, па има видливи траги од нечистотија.


Сепак, за тоа постои решение кое, како и обично, се крие во вашето домаќинство.
Се што ви треба е домашен старински сапун, направен од свинска маст, сода бикарбона и прашок што обично го користите за перење алишта. Ако немате домашен сапун, ќе послужи секој друг сапун за дамки.
Соберете ги сите бели чорапи во еден леген, изрендајте парче сапун околу 50 грама и рамномерно распоредете го.
Ставете ги чорапите во мрежа за миење на помали парчиња облека и вметнете ги во барабанот. Врз нив додадете три лажици сода бикарбона, истурете го прашокот за перење во преградата за таа намена и исперете ги чорапите на највисока температура.
По овој метод, ќе биде брилијантно чисти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.