Како близината на морето влијае на нашето здравје?

Loading...

Дали се чувствувате енергично и позитивно, веднаш после поминатиот викенд на море? Сега и истражувањата потврдуваат зошто го имате тоа позитивно чувство.
Доколку не живеете близу море, можеби е време да размислите за тоа да поминете неколку дена во некое туристичко место и да ги почувствувате бенефициите и влијанието на солената вода. Според досегашните истражувања се потврди дека ова се придобивките од престојот покрај море:
Морето го подобрува вашиот сон
Докажано е дека морскиот воздух, кој има високо ниво на кислород, помага во борбата со несоницата. Доколку спиете близу плажа, звукот на брановите ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да се опуштите.


Смирува
Морскиот воздух, звукот на брановите и чувството на слобода е нешто коешто може да ви помогне целосно да се опуштите. Пренаселените места го зголемуваат нивото на стрес, додека отворените простори и природната средина значително влијаат на вашиот духовен мир. Поради тоа, во моментите на трагедии и длабоки разочарувања во животот, психолозите препорачуваат да се замине некаде на море, без оглед за која доба од годината станува збор. Веројатно затоа помеѓу луѓето се проширила изреката дека “морето ги лечи раните.”


Морето има способност да го минимизира чувството на тага
Специјалистите тврдат дека ефикасно сретство за предизвикување на хормонот за среќа е спортот, па пливањето е најдобар начин да бидете физички активни. Животот покрај море нуди многу предности за здравјето како: контрола на тежината, смалување на крвниот притисок, смалување на ризикот од срцеви заболувања и контрола на дијабетисот. Морето е место коешто нуди разни можности за физичка активност, па освен пливање, можете да едрите или да сурфате.

loading...