Како да ги испечете највкусните компири кои некогаш сте ги пробале?

Компирите се наша омилена храна, ги сакаме во секаква форма, но на многумина омилени им се печените. Сепак, постојат многу недоумици од типот дали да ги посолиме пред или по печењето?
Како да ги испечете највкусните компири кои некогаш сте ги пробале?
Секоја домаќинка има своја теорија и жестоко ќе ја брани: некои тврдат дека е подобро да ги солиме компирите пред печење, другите прво да ги испечеме, а потоа да ги солиме. Бидејќи солењето порано или подоцна очигледно прави голема разлика.
Дали е правилно или погрешно, не може да се утврди затоа што секој готви како што сака, но сепак мислењата на светски познатите шефови аргументирано укажуваа на едно нешто. И, да не одолговлекуваме, тие тврдат дека компирите што се солат по печењето се повкусни.
Зошто? Нивната кора е крцкава и имаме убаво чувство под забите кога ќе ги гризнеме кога се подготвени на тој начин. Од друга страна, претходно посолените компири, во најдобар случај, ќе имаат поцврста кора, што е потешка за џвакање. Тоа е затоа што солта ја задржува влагата од компирите на површината, па затоа таа не може да стане крцкава.


Уште неколку совети
Најдобро е компирите да се попрскаат со маслиново масло пред печење. Исечените компири ставете ги во тава, додајте неколку лажици маслиново масло и промешајте со рацете за целосно да ги намастите – ова е слојот на масло кој е потребен за добро да ги испечете. Ако ставите компири без масло во врела рерна тие ќе се исушат и нема убаво да се испечат, бидејќи температурата на површината на компирите нема да надмине 100 °C додека водата во нив не испари. Маслото овозможува компирите убаво да се „исцрват” на површината.
Трик со пченкарен скроб
А, сте слушнале ли за уште еден трик за крцкавост: Исечените компирите пред да ги испечете (а откако ќе им ставите масло) извалкајте ги во пченкарен скроб. Може да им додадете и разни зачини како: црвен пипер, лук во прав, бибер или рузмарин.
Компирите испечете ги на хартија за печење на висока температура (200 °C) и не ја преполнувајте тавата. Нека компирите во тавата бидат наредени во еден слој. И за навистина совршена крцкавост, треба да бидат полупечени кога ќе ги превртите од другата страна.
На крај, изедете ги додека се топли. Највкусните компири штотуку излегоа од рерната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.