Покрај тоа што одлично изгледаат и му даваат свежина на просторот, саксиските цвеќиња и растенија се важни за прочистување на воздухот во просториите каде престојуваме и го подобруваат нашето здравје.
Не мора да направите цела зелена џунгла во вашиот дом или работен простор за да ги почувствувате позитивните ефекти од одгледувањето цвеќиња или растенија во саксија – треба само да ги одберете вистинските видови.
Повеќето луѓе го поминуваат поголемиот дел од денот во затворен простор, дома или на работа, каде исто така се чувствуваат последиците од загадениот воздух, особено во градските, урбани средини.
Најчести извори на загадување на воздухот во домот се: теписони и теписи од ѕид до ѕид, тапети, синтетички материјали (најчесто за градежништво или за тапацирање на мебел), средства за чистење, пестициди, влага и мувла, хемиски чистени површини (облека/мебел).
Последиците од загадениот воздух може да ги чувствувате секојдневно, а да ги „припишувате“ на други околности. Чести главоболки, гадење, замор, кашлање, иритација на очите и кожата се само дел од најчестите симптоми дека живеете или работите во средина со загаден воздух.
Затоа, изборот на вистинските цвеќиња и растенија што ќе ги одгледувате во саксии, ќе ви помогне да го прочистите и освежите воздухот.
Освен што ќе забележите намалување и повлекување на погоре наведените симптоми, ќе забележите и намалување на нивото на стрес и зголемување на концентрацијата и вниманието.
Растенијата кои го прочистуваат воздухот го намалуваат нивото на CO2 и ја зголемуваат природната влажност на воздухот, така што прво нешто што ќе забележите е намалување на иритацијата на очите, носот, грлото и дишните патишта.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.