Како да го рестартирате сексуалниот живот

Доаѓа период во секоја врска кога сексуалниот живот по малку затајува. Доколку не сторите ништо, тоа може да доведе само до понатамошно влошување на нештата. Токму затоа треба да искористите некој од проверените начини за повторно разгорување на страста.
Испратете секси СМС пораки
Дури и ако не можете да смислите нешто заводливо во текот на работното време, испратете порака што ќе го зголеми исчекувањето, на пример: „Се гледаме вечер – панталони по желба“. Или пак можете да испратите провокативна фотографија.
Направете го тоа веднаш по будењето


Според многу истражувања, секс-хормоните се најактивни помеѓу 7 и 8 часот наутро. Искористете го овој факт во своја полза. Имајте секс неколку минути откако ќе се вклучи будилникот, за да можете барем малку да се расоните пред да се впуштите во акција.
Замислете си попладневна сеанса
Преправајте се дека со партнерот имате шанса да отидете каде сакате и да имате секс како сакате. Откако ќе го осмислите тоа добро, споеделете ја фантазијата. Дури и да не добиете шанса да ја остварите, самото споделување ќе Ви дојде добро за освежување на врската.
Бидете десерт
Можеби звучи како клише, но тоа е затоа што е клише. Од друга страна, кога ќе се сервирате себеси како десерт, тоа може да разбуди некои скриени страсти кај партнерот и сосема да се изненадите од насоката во која ќе тргнат настаните. Земете парчиња летно овошје, не заборавајте на шлагот и чоколадниот прелив и потоа започнете да комбинирате според фантазијата.
Спијте голи
Ако постојано спиете во пижами или пак во широка маица, време е да се обидете да се пикнете под покривките со партнерот како од мајка родени. Тоа не само што нему ќе му разбуди одредени чувства, туку и Вам ќе Ви ја зголеми желбата за секс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.