Есенските денови се резервирани за правење на вкусна зимница.
Зеленчукот е составен дел на киселите салати кои се одличен прилог за зимските оброци. Меѓутоа, освен нив, многумина подготвуваат и ајвар и пинџур.
Иако и пиџурот и ајварот се подготвуваат од слични намирници, за подготовка на пинџур потребно е многу малку време.
Потребни состојки:
3 кг црвени пиперки
1,5 кг домати
70 мл јаболков оцет
150 мл масло
50 г шеќер
Лук
Една лажичка сол
Начин на подготовка:
Испечете пиперки на скара или во шпорет, потоа ставете фолија врз пиперките за да не влегува воздух. Оставете ги да се изладат и омекнат преку ноќ бидејќи полесно ќе се лупат. Наутро излупете ги пиперките и исчистете ги од семки.
Потоа излупете ги доматите, исечкајте ги и ставете ги во длабоко тенџерe и додајте ситно сечкан лук. Откако доматот ќе омекне, додајте ги исечканите пиперки, магдонос, сол, шеќер и оцет. Варете околу 1 час за да стане густо. Мешајте ја смесата постојано за да не загори.
Густината на пиџурот ќе биде помалку густа од ајвар. Готовиот пинџур префрлете го во тегли и свртете ги наопаку-оставете да се изладат и вакумираат.