Доаѓа периодот на посни слави, а славска трпеза не може да се замисли без неизбежните кифли.
Речиси во сите рецепти има млеко или јајца, а во оние во кои нема, можно е тестото да е тврдо или да не се вкусни како што сме навикнати. Но, тоа не е случај со овој рецепт.
Состојки:
400 мл млака вода
Една лажичка шеќер
Една лажичка куркума
2 лажички сол
Една лажичка оцет
20 гр свеж квасец
700-750 гр брашно
10 гр прашок за пециво
Подготовка:
Измешајте ги квасецот и шеќерот со малку млака вода. Додадете ја куркумата, потоа остатокот од водата и оцетот. Брашното поделете го во два дела. Во едниот дел измешајте ги солта и прашокот за пециво. Додавајте го полека, додека да добиете тесто, прво брашното со солта и пецивото, а потоа чистото брашно.
Оставете го тестото да одмори 30 минути. Измесете уште еднаш, па сечете и правете кифли според вашата желба. Оставете ги да нараснат неколку минути, па потоа премачкајте ги со мешавина од 100 мл вода, 1 лажичка брашно и малку сол. Печете ги на 200 степени околу 30 минути. Испечените кифли чувајте ги во сад, прекриени со крпа.