Нормално е да посакувате другите да ве сакаат и да ве почитуваат, но вашето ментално здравје може да страда ако премногу се грижите за тоа што другите мислат за вас. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како да престанете да се грижите за туѓото мислење.
Прифатете го фактот дека луѓето ќе имаат разноразни мислења за вас
Нема да ви помогне обидот да избегнете каква било предрасуда – тоа едноставно е невозможно. Освен тоа, имајте на ум дека „оценувањето“ на другите е неизбежен дел од социјалната интеракција.
Контролирајте ги сопствените чувства
Можеби другите луѓе имаат лошо мислење за вас, но тоа не значи дека треба да им подлегнете на тешките емоции и негативните чувства. Иако не можете да го контролирате начинот на кој другите ве доживуваат, можете да реагирате со помалку нервоза и загриженост. Покрај тоа, медитацијата, јогата и длабокото дишење можат да ви помогнат да се справите со негативните мисли.
Запомнете дека секој може да згреши
Сигурно ви е добар познат фактот дека совршенството е невозможно, па затоа залудно е да го очекувате. Затоа, обидот на другите да го критикуваат вашиот неуспех во потрагата по совршенство е непотребен, непродуктивен и неправеден. Од друга страна, имајте на ум и дека можете многу да научите од грешките бидејќи тие се неизоставен дел од личниот раст и развој на секој од нас.
Вие сте си себеси најлошиот критичар
Честопати веруваме дека луѓето нè осудуваат многу повеќе отколку што навистина е тоа така, па затоа и сме многу построги кон себе. Сепак, не заборавајте дека иако првиот впечаток може да има големо влијание, една грешка нема да го промени нивното целокупно мислење за вас.
Опкружете се со луѓе кои ве прифаќаат и поддржуваат
Пријателите и членовите на семејството кои постојано ве осудуваат можат сериозно да му влијаат на вашето ментално здравје. Затоа не заборавајте дека клучен елемент за одржување на вашата ментална благосостојба се луѓето кои го прифаќаат вашето вистинско „јас“ и кои ве поддржуваат, дури и ако понекогаш можат да звучат „осудувачки“.