Како да се справите со луѓето кои имаат големи побарувања од вас, Евреите тоа го решавале со една реченица

Честопати пишувавме како Евреите излегуваат на крај со злобните ликови во нивните животи, а денес ќе ви кажеме како Евреите излегуваат на крај со луѓе кои имаат големи барања:

„Ако не сакате луѓето да ви седат на вра – немојте премногу ниско да се поклонувате“, вели една стара еврејска поговорка.
Што значи тоа?
Ниту една крајност не може да донесе ништо добро во вашиот живот
Нормално, неопходно е да се направи граница и да се почитуваат границите на другите. Водете сметка дека мора да се почитуваат вашите права, но без да ги повредите правата на другите луѓе.
2.Многумина љубезноста ја третираат како слабост
Имајте на ум дека тоа што вие им посакувате најдобро на другите, многумина различно гледаат на тоа. На пример, љубезна личност на многумина ќе им се гледа како слаба личност која е лесна за манипулирање.
Што треба да направите во тој случај? Бидете љубезни само кон личностите кои се љубезни кон вас.
3.Ако сте премногу достапни, премногу услужливи, луѓето тоа ќе го протолкуваат на следниов начин:
-Покажувате ниска самодоверба
-Се препуштате на милост и немилост на другите, ги заборавате вашите желби
-Одбивате да се борите за себе, иако вашите права се прекршени.
-Секогаш ќе бидете трпеливи и тивки, дури и ако другите ве навредуваат
-Дали навистина сакате другите да ве гледаат на ваков начин?
4.Ќе биде многу корисно за вас доколку од време на време покажете заби, чисто поради превенција. Јасно ги одредувате границите, јасно давате до знаење дека ќе се побуните ако некој ги повреди вашите права.
5.Запамтете – ако се почитувате себе и другите ќе ве почитуваат. Секој кој се почитува себе нема да дозволи другите да му седат на врат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.