Сигурно барем еднаш во животот ве изнервирало замаглено огледало во бањата. Свесни сте дека по капењето мора да го исчистите за да ја довршите хигиенската рутина, за која ви е потребно токму огледало.
За тоа може да ви помогне трикот со машка пена за бричење по кој огледалото во бањата нема да се замагли ни по долго туширање со топла вода.
Слојот пена на површината на огледалото ќе создаде невидлива заштита со која ќе се спречи лепење на влагата.
Но, ако не купувате пена за бричење, може да користите и течност за миење садови. Доволно е само да го премачкате огледалото со тенок слој, а потоа да го избришете со памучна крпа за да го задржи сјајот и да спречи создавање влага.
По оваа постапка може со недели да се туширате, а огледалото во бањата ќе биде исто, сјајно и незамаглено.