Како на дечињата да им го олесните носењето на маска?

Носењето на маска стана секојдневие, односно неопходен детаљ за безбедно функционирање и завршување на обврските.
Но, како дечињата побезболно да го прифатат носењето на маска како нормално?
Неколку совети кои можеби ќе ви помогнат:
1. Бидете модел на однесување кое детето сакате да го следи – носете маска во сите ситуации во кои истото се очекува и од него.
2. Објаснете му дека маската е ново правило, а не избор.
3. Потрудете се да најдете маска која соодветно ќе му одговара на лицето, без да го чеша, стега или паѓа.


4. Дозволете им на децата сами да одберат боја или дезен, како и украси кои ќе ги стават додека ја носат. На тој начин ќе чувствуваат дека тие ја имаат контролата и правото на избор.
5. На помалите дечиња понудете им заедно да направите заштитни маски за нивните плишани играчки.
6. Децата сакаат да се чувствуваат морално супериорно во однос на возрасните, па објаснете му на детето дека доколку носи маска е поодговорно од возрасните кои одбираат да не ги штитат другите.
7. Објаснете му на детето дека е во ред ако некогаш му е топло под маската. Има денови кога му е топло и под маичката, па не е соддветно било каде да ја соблече.
8. Понудете му на детето да ги нацртате омилените суперхерои како носат маска.
9. Нормализирајте го носењето на маска, такашто на детенцето ќе му покажувате слики од други дечиња кои носат маски.
10. Не им ветувајте на децата дека за 1-2 недели ќе може да шетаат без маска, бидејќи децата добро паметат и секое пролонгирање ќе ви создава проблем. Реално, никој не може да ја предвиди ситуацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.