Додека верните подржувачи и клиенти на врхушката која што беше инсталирана на сомнителен начин во Валандово, пред крајот на минатата година, се во небо од задоволство, членството и тоа како реагира. Едни сметаат дека говорот бил млитав, другите сметаат дека слабо глумел Мицковски, трети дека не може да научи 100 реда на памет и дека е сосема мауверлив со тезите на предвремени избори таму некаде за година дена…
Еве што ни пиша еден присутен. Ова е автентична порака која што ја поседуваме. Ние не сме пропагандисти, и не сме спремни да ве лажеме за тоа како се чувствуваат членовите на ВМРО: „Извини доцна е… бев, снимав, дојдов со цела фамилија заради името, јас не го слушнав да го спомне. Повторно идеална манипулација на калето… како што Заев дојде на власт, така тој на чело на дпмне… Како во оваа еуфорија на народот да му објасниш дека несто не чини? Дека “го пуштија”, да изманипулира и повторно народот да го плесне од земја како Груевски… уффф мајстори за манипулација се.“
Нема да додадеме ништо на ова. Се чини дека повеќе и од јасно е чувството и разберена манипулацијата која внимателно се подготвуваше подолг период наназад, за да се издува и ослабне енергијата на членството. Само ќе додадеме дека Мицковски во својот говор ниту еднаш не спомена МАКЕДОНЦИ а точно 30 пати повтори СОГРАЃАНИ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.