Како ќе изгледа фабриката за вакцини во Србија?

Loading...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Instagram профил објави видео на кое се гледа изгледот на идната фабрика за вакцини што ќе се гради во оваа земја.
Претходно, претседателот Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ најавија изградба на фабрика за производство на вакцини, а сега е објавено и видео како треба да изгледа зградата.
„Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од Обединетите Арапски Емирати и Кина. Горд сум на Србија и нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството“, напиша Вучиќ во текстот што го објави со видеото.
Тој додаде дека наскоро ќе започне изградбата на фабрика за производство на ПЦР тестови.

loading...