Карамел колач со јаболка

Овој карамел колач со јаболка е совршениот десерт за љубителите на домашни слатки задоволства, а е лесен за подготовка. Најмногу време за подготовка одзема правењето на карамел сосот, но е прилично едноставен.
За карамел сосот ќе ви треба 200 гр шеќер, 200 мл слатка павлака и една кашичка екстракт од ванила.
Шеќерот ставете го тенџере и загревајте додека не почне да се топи. Шеќерот треба да почне да добива темнозлатна боја. Внимавајте да не го препечете шеќерот и да стане горчлив. Малку загрејте ја павлаката и додадете ја во карамелизираниот шеќер. Додадете го екстрактот од ванила.

Потребни состојки за колачот:
3 средни јаболка (пресечени на тенки парчиња)
3 лажици брашно
4 лажици шеќер
4 лажици млеко
Ванилин шеќер
2 јајца
Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги во длабок сад додека не добиете хомогена смеса.
Во плех или кружен сад за печење ставете хартија за печење. Налејте го карамел филот. Потоа наредете ги парчињата јаболка. Озгора ставете ја смесата за тесто.
Печете 25 минути на 180 степени Целзиусови.
Откако ќе се испече, превртете ја на чинија или даска за сервирање. Послужете го секое парче со топка сладолед од ванила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.