Карлеуша збесна, скрши чаша и се упати кон Мили: „Немој со мене да се замеруваш“

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша со години е една од незаменливите членови на жирито на серијата „Звездите на Гранд“, а со своите коментари го прави ова шоу уште погледано.
Имено, Карлеуша и овој пат направи „хаос“ во студиото, а сето тоа може да се види во промотивниот трејлер за новата епизода на споменатото музичко натпреварување, Карлеуша влезе во „жесток конфликт“ со членовите на жирито.
Викаше, рече дека не можат да се расправаат со неа, и во еден момент стана и отиде кај Саша Поповиќ и Александар Милиќ Мили.
Додека беше на своето место, таа мавташе со рацете и ја искрши чашата што стоеше до неа.
– Ви се колнам, секој ваш следен кандидат е колатерална штета, му рече разбеснетата Јелена на Мили.
– Јас не сум ти Џорџ, јас не сум ти ни Босанец! Не обвинувај ме, рече таа додека одеше кон Мили

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.