Јелена Карлеуша повторно ја искористи средбата со медиумите за да ги нападне новинарите, кои ги смета за виновни за објавените детали за нејзината љубовна афера со фудбалерот Огњен Врањеш. Овојпат на мета и била новинарката која известувала од пред Првиот основен суд, каде беше одржано рочиштето помеѓу Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ.
По излегувањето од зградата на Судот, новинарката побарала изјава од Јелена, а таа ја нападнала со закани и пцовки:
„Тебе да ти дадам изјава? Можеш само ќотек да добиеш“ по што уследила пцовка од страна на Карлеуша.
Ова не е првпат од пејачката да слушаме ваков речник. Кога се работи за неа стана вообичаено вака да се изразува каде и да се појави, со единствена цел самопромоција и маркетинг. Сепак, заканите не се нешто што треба и може да се толерира, пишуваат српските медиуми.