Кафе веднаш после будење? Не е добра идеја

Ако шолја кафе е првото нешто по кое посегнувате наутро кога ќе станете од кревет, можеби треба да размислите за промена на оваа навика. Доктор Каран Раџ тврди дека ова во никој случај не е добра работа.
За повеќето од нас, првото утринско кафе ни ја дава потребната енергија за да го започнеме денот, но д-р Раџ предупредува дека кафето не треба да биде првото нешто кое го консумираме наутро, а еве и зошто.
„Можеби за некого е несфатливо, но има добра причина за тоа“, вели д-р Рaџ, кој има милиони следбеници на TikTok благодарение на неговите практични совети.
Во емисијата BBC Morning Live, популарниот доктор не вели дека треба целосно да се откажеме од утринското кафе, туку само малку да ја смените рутината.
„Не пијте кафе наутро за да се разбудите. Вашето тело природно ве буди лачејќи кортизол“, вели тој.
Наместо тоа, лекарот вели да почекате неколку часа и да пиете кафе откако ќе се намали природното ниво на кортизол во вашето тело.
„Пијте кафе на средина на утрото кога нивото на кортизол и енергија ви опаѓа. Тогаш кофеинот делува и дава енергија“, објаснува докторот.
Се разбира, има многумина кои не ги прифаќаат добро неговите совети.
„Господе, не. Наутро морам прво да испијам кафе, инаку не сум во добро расположение“, гласи еден коментар по видеото со советот на д-р Раџ, а многумина се пронајдоа во оваа реченица.
Други велат дека е многу тешко на почетокот, затоа што се навикнати на кафе во одредено време, но кога ќе помине тој период, ќе ви биде многу подобро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.