Подгответе го највкусниот појадок за само неколку минути.
Состојки:
– 400 мл. вода
– 2 прстофат сол
– 100 гр. качамак
– 100 гр. свеж крем сир
– 1 лажица кајмак
– 1 лажица кисела павлака
– 50 гр. варена сланина
– 1 лажица масло
– 50 гр. полумасно сирење
Подготовка:
Во длабока чинија измешајте ги со миксер сирењето, павлаката и кајмакот. Сланината пресечете ја на ситни коцкички и ставете ја настрана до употреба.
Сирењето изрендајте го ситно и исто така оставете го настрана до употреба. Водата посолете ја и ставете ја да зоврие, намалете го оганот и полека додавајте го качамакот со постојано мешање.
Кога качамакот ќе стане густ и ќе почне да исфрла меурчиња, уште додека е топол префрлете го во садот со измешаното сирење, павлаката и кајмакот.
Со миксер добро измешајте за да се соедини. Во тавче испржете ги коцките сланина. Готовиот качамак послужете го со ситно изренданото сирење и топло испржената сланина.