Принцот Хари е во брак со Меган Маркл од 2018-та година, а очигледно е дека неговиот избор навистина не им се допаѓа на многу членови на британското кралско семејство.
Тие двајца решија да се повлечат од кралските должности во 2020-та година. Со документарната серија „Хари и Меган“, а потоа со мемоарите на Хари „Резерва“ и сето она што беше кажано таму, се чини дека неповратно ги загрозија односите со семејството.
Останува прашањето дали работите ќе беа поинакви доколку војводата од Сасекс се оженеше со една од своите поранешни девојки.
Меѓутоа, сега знаеме која снаа Кејт Мидлтон најмногу ја сакаше и посакуваше за Хари да се ожени со неа.
Кресида Бонас и принцот Хари беа во врска две години и уживаа во врската од 2012 до 2014 година, па дури и размислуваа за брак.
Принцот Хари пишувал за нивната врска во своите мемоари, откривајќи дека принцот и принцезата од Велс ја сакале Кресида.
-Кејт и Вилијам „експресно и постојано споменуваа колку им се допаѓа Кресида“, напиша Хари.
Кралски извор потврдил дека Кејт и помагала на Кресида да го одржи нормалниот живот.
-Кејт беше брилијантна со Кресида во давање совети. Навистина ѝ се допадна и ѝ даде совет како да ја задржи „нејзината нормалност“. Кејт беше таму и помина низ тоа, и иако знаеше дека за Кресида нема да се зборува и следи како што треба, таа мораше да ѝ даде малку увид во она што се случува, рекол изворот.
Сепак, како што пишува во книгата „Хари: Животот, загубата и љубовта“ од Кејти Никол, Кресида се предомислила.
Откако виде колкаво медиумско внимание добија Вилијам и Кејт кога ги посетија Австралија и Нов Зеланд со нивниот син, принцот Џорџ, кој тогаш имаше осум месеци, таа одлучи дека таквиот живот не е за неа.
„Хари доживеа вистински удар кога таа му рече дека не може да живее таков живот, мислам дека навистина му го скрши срцето“, напишала Кејти Никол.
Раскинувањето се случи два месеци откако тие првпат официјално се појавија во јавноста, а по паузата останаа во добри односи.
Доказ за тоа е фактот што Кресида дојде на свадбата на Хари и Меган во 2018 година.