Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина еден трилион долари

Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари во првите десет месеци од 2026 година, покажуваат најновите царински податоци.

Според Ројтерс, кинескиот извоз во октомври пораснал за дури 35,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Главен двигател на растот е зголемената глобална побарувачка за високотехнолошки производи, особено опрема поврзана со развојот на вештачката интелигенција.

Кина втора година по ред бележи трговски суфицит над еден трилион долари, но овојпат ја достигна границата еден месец порано.

Ваквиот резултат би можел дополнително да ги заостри трговските односи со САД и Европската Унија, кои веќе изразуваат загриженост поради кинеската извозна доминација.
Reuters

Пронајдете не на следниве мрежи: