Првиот авион со среден дострел развиен во Кина, иако повеќето важни делови доаѓаат од странство, авионите на државниот производител Комак ќе се натпреваруваат со авионите 737 MAX на Боинг.
Првиот модел C919 со 164 патници беше официјално предаден на China Eastern Airlines на церемонија на аеродромот во Шангај, објави државната телевизија CCTV.
Настанот претставува важно достигнување за кинеската воздухопловна индустрија, соопшти телевизијата.
На саемот за воздухопловство во ноември, компанијата Комак објави дека добила нарачки за 300 авиони С919. Компанијата не даде детали за цената или датумите на испорака.
Според кинеските медиуми, четирите авиони треба да бидат испорачани на компанијата ,,Cina West” до крајот на оваа година, а ќе почнат да летаат во првиот квартал на 2023 година.
Развојот на авионот C919 не ја спречи Кина да склучи договор со Ербас вреден 17 милијарди долари на почетокот на годината. Исто така во ноември, европскиот концерн Ербас започна со производство на авионот А321 во својата фабрика во Кина, во Тијанџин.
Боинг 737 Макс е приземјен во Кина од 2019 година, по две авионски несреќи.
Американскиот конструктор кон крајот на октомври годинава објави дека се песимисти за обновување на испораките на тој авион, оценувајќи дека геополитичката ситуација не дозволува да се предвиди дека ќе се подобри, дури ни на краток рок.
Трговските тензии меѓу САД и Кина го забавија напредокот по ова прашање.