Ковачевски- Агелер: САД сакаат да ја видат Македонија што поскоро во ЕУ

На денешната средба со американската амбасадорка Агелер, уште еднаш беше потврдена цврстата поддршка од САД за нашите европски политики, информира премиерот Ковачевски на социјалните мрежи.

САД сакаат да ја видат земјава што поскоро во ЕУ. На денешната средба со американската амбасадорка Агелер, уште еднаш беше потврдена цврстата поддршка од САД за нашите европски политики, информира премиерот Ковачевски на социјалните мрежи.

Високо ја цениме добронамерноста на нашите американски пријатели, кои и на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан ја повторија пораката дека ќе продолжат заедно со нас на европскиот пат. Нашиот следен исчекор кон евроинтеграциите е долгоочекуван и меѓународно поддржан како никогаш досега. Верувам дека овој момент ќе го препознаат проевропските сили во општеството кои ќе застанат во одбрана на визијата за европска држава. Зад таа визија стои нашиот концепт на европерспективи и осигурена европска иднина наспроти концептот на неизвесност и изолација- стои во објавата на премиерот Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: