Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон, секое импровизирање може да фрли дамка врз целиот изборен процес

Техничката влада е дефинирана согласно закон и точно се знае кој предлага министри. Законска обврска е и најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ да предложи министри и заменици во предвидените министерства, во спротивно, тоа ќе стави дамка на целиот изборен процес, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

По презентацијата на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ, прашан за можноста во техничката влада да има министри и од албанската опозиција, Ковачевски нагласи дека согласно законот точно се знае кои министерства ќе ги предводи парламентарното мнозинство, а кои од најголемата опозициска партија.

Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените физички ги нападнале Л.Т. и С.А. …
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица се тешко повредени. Загинатите се двајца мажи, бебе и девојче (13). Несреќата …

Тоа, како што нагласи, значи дека од партијата ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, а власта да предложи дополнително заменици министри во овие министерства.

– Од ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат дополнителен заменик-министер во Министерството за финансии, во Министерството за земјоделство и во Министерството за информатичко општество и администрација. Ова се работи коишто се дефинирани согласно со закон, подвлече Ковачевски.

Во однос на тоа дали ВМРО – ДПМНЕ ќе предложи министри и заменици за техничката влада, тој повтори дека тоа е законска обврска исто како што е законска обврска и претседателот на Владата да поднесе оставка 100 дена пред одржување на изборите.

– Тоа е законска обврска, како што е законска обврска на 100 дена пред одржување на изборите претседателот на Владата да поднесе оставка. Јас ќе ја исполнам мојата законска обврска исто како што и другите претседатели на влада пред тоа ја исполниле својата законска обврска, и како што другите политички партии пред тоа ја исполниле својата законска обврска. Сметам дека не постои причина во овој случај ВМРО-ДПМНЕ да не ја исполни својата законска обврска, бидејќи тоа предлагање произлегува од Закон за Влада и од Закон за избори, изјави Ковачевски.

Доколку опозициската ВМРО – ДПМНЕ не учестува во техничката влада, според него, тоа става само една дамка на целиот изборен процес.

– Ние од 2016 година наваму имаме изборни процеси коишто се од сите оценети како исклучително демократски и од ОБСЕ/ОДИХР и од меѓународните партнери, од меѓународните организации, така што сметам дека не постои никаква пречка или причина тоа да не биде направено и Северна Македонија на 24 април и на 8 мај да има демократски избори на коишто граѓаните ќе ја изразат својата демократска волја, додаде претседателот на Владата.

Секое импровизирање кога се реализираат законски одредби, нагласи, може да фрла дамка врз целиот процес . Сепак, се работи за влада која што треба технички да ги подготви изборите во 100 дена.

Премиерот Ковачевски посочи и дека има координација со коалициските партнери, но и дека со сите останати политички партии во Собранието, како што рече, имале успешна лидерска средба на која со најширок консензус било договорено дека ќе има избори на 24 април и на 8 мај.

-Ден пред одржување на седницата на Претседателството на ДУИ јас имав интервју за МРТВ во кое што кажав дека не сме разговарале, меѓутоа тоа не значи дека после моето интервју не сме разговарале и дента пред да се одржи седницата на претседателството на ДУИ. Што значи дека – да, јас со коалициските партнери имам координација исто како што имавме координација со сите останати политички партии во Собранието и имавме успешна лидерска средба на која што можевте да видите дека со најширок можен консензус беше договорено дека ќе имаме избори на 24 април и на 8 мај, дека Изборниот законик, координаторите на пратеничките групи ќе го поднесат во Собранието во којшто се имплементирани забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и дека воопшто не стана збор за укинување на техничката влада со оглед на тоа дека се работи за многу краток период пред изборите и доколку за такво нешто се разговара ќе треба да се разговара за некои наредни избори, истакна Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.